Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русковска ја заврши истрагата за „Рекет“ – Боки 13 нема да се брани со молчење

0
By Нова ТВ on September 23, 2019 ПОЛИТИКА
МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска ја заврши истрагата за „Рекет“ и за ова веќе го известила Бојан Јовановски – Боки 13 првоосмоничениот за Рекет, кој денеска беше во Обвинителството да даде исказ.

Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски рече дека е преседан осомничениот да се повика да даде исказ истиот ден кога е завршена истрагата, иако тој  претходно ниту еднаш не бил известен за доказите, ниту повикан да даде свој исказ.

„Европскиот суд за човекови права во Стразбур бара осомничениот веднаш  да биде запознаен со основите на сомневање и со доказите. Но и покрај ваквиот преседан,ние нема да  се браниме со молчење. Во овие 15 дена ќе ги видиме доказите и иако е истрагата завршена, ќе се договориме Бојан Јовановски да даде исказ“ рече Дуковски.

Дуковски наведе дека здравјето на Боки 13 е сериозно нарушено. Тој имал една  операција за намалување на желудник, а потоа уште две неуспешни операции.

„ Постојано повраќа.  Го носат во амбуланта му даваат една обична инфузија и со тоа се завршува. Реално не му е добра здравствената состојба. Ние сме позната нација – секој на секого му се сити. На социјалните мрежи пишуваат дека можеби е труден, а реално не му е добро“ рече Дуковски.

Во врска со изјавта на Дуковски дека се случил преседан за време на исказот на Боки 13 кога му бил доставено решение за завршена истрага, од обвинителството преку соопштение објаснуваат дека „давањето исказ на осомничено лице не е процесно дејствие, што подразбира дека одбрана, односно исказ, може да се даде и во законскиот утврдениот рок кога се врши увид во доказите“ и најавија дека од денес тече рокот од 15 дена за увид во доказите за првоосомничените лица и правото на одбраната да предлага докази во корист на осомничените.

Утре во Обвинителството за гонење на организиран криминал е повикана и Катица Јанева која е во притвор повеќе од 30  дена.

Откога е отворена истрагата, Русковска на распит повика повеќе бизнисмени, лица кои имаа функции во Меѓународниот сојуз на Боки 13 , обвинители во СЈО, политичари. Паралелно со случајот Рекет за кој се осомничени Бојан Јовановски, Зоран Милевски и Катица Јанева,(кои се осомничени дека зеле милион и пол евра од Камчев за ослободување од кривична одговорност во истрагата за „Империја“) во Обвинителството се води истрага и за  парите кои бизнисмени ги уплаќале на Меѓународниот сојуз.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.