Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рустеми: Јанева побара да не го „замрзнам“ станот на Главчев во случајот „Поштенска Банка”

0
By Нова ТВ on January 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јавниот обвинител Бурим Рустеми на денешното рочиште за случајот „Рекет” посочи дека поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева побарала од него, како надлежен обвинител во случајот „Поштенска Банка“, да не го „замрзне“ станот на осомничениот Томе Главчев. Во сведочењето тој истакна оти Јанева навела дека тој стан во Скопје е веќе продаден на нејзина пријателка и дека со „замрзнувањето“ би се нанела штета на купувачот.

„Така и сторив. Пред суд доставив предлог овој стан не се замрзне. Потоа разбрав дека станот е во сопственост на поранешниот член на Советот на јавни обвинители, Сашо Василевски. Инаку, предистрагата и истрагата за случајот „Поштенска Банка”, ја реализирав сам, без никакви влијанија од Катица Јанева, во однос на тоа кој треба да се опфати, за кои кривични дела и како да се конципира предметот“, изјави обвинителот Рустеми.

Искази како сведоци досега дадоа поранешните обвинителки од СЈО, Елизабета Јосифовска и Лиле Стефанова, бизнисменот Јордан Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од телевизија 1ТВ и други.

Стефанова вчера сведочеше дека обвинетата Катица Јанева од нејзе барала да се даде позитивно мислење за одредување поблаги мерки за осомничените во предметот „Империја“. Таа рече дека осомничените во предметот „Империја”, скоро секогаш успевале да дознаат што презема СЈО против нив. Посочи дека со Јанева, имало негодување при нејзиното барање да се прифатат поблаги мерки за Јордан Камчев, Сашо Мијалков и другите притворени лица во случајот.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври лани поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски. Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина и беше осуден на три години затвор. Судењето за „Рекет” пред Кривичниот суд го води судијката Васка Николовска-Масевска, додека обвинението го застапува обвинителката Вилма Рускоска. Следното рочиште е закажано за 29 јануари, за кога се предвидени четворица сведоци.

Бурим Рустеми Катица Јанева сведочење Случај „Поштенска Банка“ Случај „Рекет“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.