Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руте: Сакаме прекин на руската агресија и траен мир за Украина

0
By Zoran Ivanov on March 6, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 6, 2025 19:55

Ова се неизвесни времиња и знам дека некои можеби се загрижени за иднината на НАТО, но трансатлантските односи и партнерство остануваат основа на Алијансата, порача денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте по средбата со полскиот претседател Анджеј Дуда во Брисел.

Додека сојузниците работат на зголемување на нивните инвестиции во одбраната, многумина работат и на тоа како може да придонесат за праведен и траен мир за Украина. Сите сакаме да видиме крај на руската агресија и договор кој обезбедува траен мир за суверена Украина, додаде Руте.

Тој нагласи дека американскиот претседател Доналд Трамп јасно ја истакнал посветеноста на САД и неговата лично заложба кон НАТО, но исто така и јасно порачал дека очекува Европа да направи повеќе во однос на трошоците за одбраната.

– Веќе гледаме придвижување во вистинската насока. Минатата година, инвестициите во одбраната на Европа и Канада се зголемија за 20 отсто. Истовремено, сојузниците активно работат на тоа како можат да направат повеќе, истакна Руте.

Тој потсети дека само во последните неколку недели Данска и Велика Британија најавија големи инвестиции во одбраната, а важни чекори во тој правец презеле и Германија, Франција и Чешка.

Ги поздравувам ова, бидејќи заедничката безбедност е наша колективна одговорност, рече Руте.

Тој ја посочи Полска како светол пример за издвојувања во одбраната, кои оваа година се на ниво од 4,7 отсто од националниот БДП, со што земјата дава значителен придонес за безбедноста на НАТО сојузниците, додавајќи дека Варшава игра и витална улога во поддршката на партнерот на Алијансата и нејзин сосед, Украина.

 

Дуда НАТО Руте
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.