Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сѐ е стабилно и нема проблем, јас само ширам паника

0
By Zoran Ivanov on March 5, 2026 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 5, 2026 00:01

Џабир Дерала: Додека го пишував текстот за можните влијанија на војната во Иран, во сандачето ми слета електронски гулаб од кабинетот на претседателката на Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова. Нашата врховна командантка ја извести јавноста дека на седницата со клучните луѓе од областа на безбедноста и одбраната заклучиле дека состојбата во земјата е стабилна и безбедна. Тоа го заслужи првото место во мојот текст, се разбира. Го потисна на второ место и Александар Вучиќ кој, со своите вообичаени популистички и не многу скриени анти-ЕУ наративи, не беше некое посебно изненадување.

Особено успокојувачки беше делот од изјавата на претседателката што се однесува на другите аспекти на можните влијанија на војната во Иран, а кои се во суштинска релација со безбедноста, стабилноста и одбраната на една земја.

„Може да додадам дека во вакви ситуации размислуваме не само за можното влијание на безбедноста, туку и врз економијата, користењето на енергенсите итн. Во тој поглед, надлежните информираа дека нема проблем“, изјави претседателката на Северна Македонија.

Значи – нема проблем.

Секогаш е олеснувачки кога проблемите не постојат — барем во извештаите.

Го прочитав внимателно соопштението и решив да се смирам. Очигледно, мојот текст е производ на претерана претпазливост.

Штом претседателката и сите релевантни луѓе велат дека сѐ е во ред, тогаш сѐ е во ред.

Требаше да знам дека кај нас никој не е одговорен — особено кога сè е стабилно.

Власта не управува со перцепции преку изјави, а мојот текст сосема заслужено може да се прогласи за ширење паника. Моја грешка е што мислев дека реалноста не се менува со соопштение.

Извор: ЦивилМедиа.мк

 

став Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

ВЕСТИ April 18, 2026

Иранската државна телевизија ИРИБ објави дека Ормутскиот теснец повторно е затворен, наведувајќи дека за секој…

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.