Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сѐ повеќе се пополнува бројот на попишувачи

0
By НОВА ТВ Balaban on August 23, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 23, 2021 14:24

Ја молев опозиција да биде на крајот на мај или барем на почетокот на јуни, но најголемата опозициска партија побара лидерска средба со барање за одложување на пописот за септември. Им рековме никој не знаеме во септември што ќе се случи, еве го септември доаѓа, на врата ни е, бројките се над илјада, потенцира Заев

Како наближува 5 септември, денот на почетокот на пописот, сѐ повеќе и повеќе се пополнува бројот на попишувачи, посебно во оние региони каде што немаше, порача денеска премиерот Зоран Заев.

– Ја користам приликата уште еднаш да апелирам до граѓаните да се пријават – едноставно е само треба да се пријаваат на веб-страницата на Заводот за статистика. Важно е заради тоа што ова е операција што се спроведува во нашата земја после 20 години, рече Заев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата и нагласи дека приходите на попишувачите, односно анкетарите што ќе ја спроведат оваа статистичка операција, ќе бидат помеѓу 25 и 40 илјади денари.

Тој потсети дека пописот требаше да се реализира  во април годинава, но на барање на опозицијата беше одложен за септември.

– Ја молев опозиција да биде на крајот на мај или барем на почетокот на јуни, но најголемата опозициска партија побара лидерска средба со барање за одложување на пописот за септември. Ако  се вратиме наназад ќе видиме дека тогаш имавме меѓу четири и 50 заразени граѓани. Им рековме никој не знаеме во септември што ќе се случи, еве го септември доаѓа, на врата ни е, бројките се над илјада, потенцира Заев.

За почетокот на процесот на издавање лични карти по двомесечниот застој, Заев рече дека е резултат на креативноста на правните служби пред се во МВР кои заедно со законодавството, како што рече, утврдија дека Законот за употребата на јазиците и Уставот се доволна основа за да почне издавањето на новите лични документи.

-Тие два месеци работеа сите правни и стручни служби заедно да го изнајдат решението затоа што во услови кога не се донесува законот за новите лични карти важи стариот Закон за лични карти. На основа на членот 13, 14 и 23 од Законот за употреба на јазиците и Уставот се најде правната формулација, рече Заев и се заблагодари на стручните експертски служби во МВР, Владата и законодавството за изнајдениот начин за надминување на проблемот се додека не се донесат матичните закони за одредена област.

На прашањето дали веќе стигнаа фингер принт апаратите и дали Државната изборна комисија е подготвена за претстојните локални избори, премиерот им укажа на медиумите да се обратат до претседателот на ДИК за да ги добијат податоците.

-Знам дека е избрана фирма, знам дека се завршени постапките, ама не ги знам деталите за комплетната подготвеност за да се спроведат изборите на 17 и на 31 октомври, истaкна Заев.

Зоран Заев Попишувачи се пополнува
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.