Долгогодишниот лекар на екипата на американски гимнастичарки Лери Насар, денеска е осуден на 175-годишна затворска казна поради сексуално злоставување на околу 160 млади гимнастичарки.
– Токму сега ви ја потпишав смртната пресуда – наведе судијката Роземари Аквилина.
Судијката истакна дека Насар никогаш повеќе не заслужува да шета надвор од затворот.
Насар веќе ја отслужува 60-годишната затворска казна, што ја доби поради детска порнографија.