Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД:Демократите со мнозинство во Долниот дом-републиканците во Сенатот

0
By Нова ТВ on November 7, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Демократската партија на вчерашните конгресни избори во САД освои мнозинство во Претставничкиот дом на Конгресот, додека републиканците успеаја да ја задржат и многу можно и да ја зголемат контролата врз Сенатот.

Според резултатите од избраните 412 од вкупно 435 членови на Претставничкиот дом, демократите освоија 219 конгресмени или еден повеќе од неопходните 218 за мнозинство, а републиканците 193.

Во Сенатот, пак, со досега избраните 31 од 35-те сенатори што одеа на реизбор, републиканците веќе освоија 51 место, колку што е неопходно за сенатско мнозинство. Демократите загубија три од местата што досега ги држеа и тоа во Индијана, Мисури и Северна Дакота и во мометов имаат обезбедно 45 сенатори, меѓу кои се и двајца независни кандидати.

Меѓу сенаторите што ги задржаа своите места се независниот кандидат од таборот на демократите Берни Сандерс во Вермонт, демократотскиот потпретседателски кандидат на изборите во 2016 година Тим Кејн во Вирџинија, како и републиканецо Тед Круз во Тексас.

Конечниот состав на Сенатот нема да биде познат по вчерашното гласање, бидејќи во Мисисипи ниту еден од кандидатите не освои над 50 проценти од гласовите, па ќе се одржат нови избори кон крајот на ноември. Републиканскиот кандидат, кој е и актуелен сенатор, има предност пред демократскиот противкандидат од еден процентен поен.

За преостанатите три места кои треба да се пополнат на овие избори, гласовите се уште не се целсоно преброени. Во трите дуели – во Аризона, Монтана и Флорида во мало водство се републиканските кандидати, со што е можно во иднина во Сенатот да има најмалку 54 републиканци.

Во својата прва оценка на изборните резултати, американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека тие претставуваат „огромен успех“.

– Огромен успех оваа вечер. Ви благодарам на сите, напиша Трамп на Твитер, кој во текот на иампањата активно агитираше во прилот на републиканските кандидат, во обид републиканците да ја задржат контролата барем над еден од двата дома на Конгресот.

Што се однесува пак до изборите за гувернерите на 36 од 50-те американски сојузни држави, републиканците успеаја да освојат 19 места, вклучително и оние во Флорида и Охајо, кои важеа за едни од најнеизвесните изборни трки. Покрај во овие две држави, републиканските кандидати за гувернери победија и во Ајдахо, Ајова, Алабама, Алјаска, Аризона, Арканзас, Вајоминг, Вермонт, Мериленд, Јужна Дакота, Јужна Каролина, Масачусетс, Небраска, Њу Хемпшир, Оклахома, Тенеси и Тексас.

Демократите пак успеаја да победат на изборите за гувернер во 15 држави – Висконсин, Калифорнија, Колорадо, Илиноис, Канзас, Мејн, Минесота, Мичиген, Невада, Ново Мексико, Њујорк, Орегон, Пенсилванија, Роуд Ајсланд и Хаваи.

Во Џорџија според целосните неофицијални резултатите републикнецот Брајн Кемп има предност од речиси два проценти пред демократката Стејси Абрамс, но победникот на овие избори се уште не е прогласен поради проблемите со дефекти на гласачките машини во неколку гласачки места.

Во Конектикат, по преброени 91,5 отсто гласови, демократот Нед Лемонт има предност од само 0,7 проценти поени пред републиканскиот кандидат Боб Стефановски.

Изборите беа одбележани со голема излезеност и долги редови пред гласачките места, што според аналитичарите, се должи на оценките дека ова гласање претставува референдум за политиката на Трамп.

Американските медиуми наведуваат дека на изборите забележителни резултати остварија претставниците на малцинствата.

Шарлиз Дејвис и Деб Хааланд

Така, во трката за гувернер на Колорадо победи демократот Џаред Полис, кој е јавно деклариран хомосексуалец, а неговата сопартијка Шарис Дејвидс стана првата Индијанка избрана за член на Конгресот од Канзас.

Џаред Полис

Во Претставничкиот дом првпат се избрани и две муслиманки. Станува збор за Илхан Омар и Рашида Тлаиб, кои победија во своите изборни единици во Минесота, односно Мичиген.

Дваест идеветгодишната демократката Александрија Оказио-Кортез со победата во изборната единици во Њујорк стана најмладата жена членка на Претставничкиот дом во историјата на САД. Оказио-Кортез, кој себеси се нарекува „демократ-социјалист“ е близок соработник на сенаторот Берни Сандерс, кој беше главен противкандидат во трката за демократската претседателска номинација за изборите во 2016 година.

Досега рекордот на најмладата жена членка на Претставничкиот дом го држеше Елиз Стефаник, која стана конгресменка на возраст од 30 години.

Во новиот Претставничкиот дом има уште една жена, која го урна рекордот на Стефаник. Станува збор за Еби Финкенауер, демократка од Ајова, која е 10 месеци постара од Оказио-Кортез.

Во идниот состав на двата дома на Конгресот ќе седат вкупно 112 жени од кои 95 демократки и 17 републиканки, со што е поставен нов рекорд. Досегашниот рекорден број жени во Конгресот изнесуваше 84.

Од вкупниот број жени во Конгресот, 10 се членки на Сенатот, а 93 на Претставничкиот дом.

Илхан Омар и Рашида Тлаиб

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека победата на демократите во Претставничкиот дом се должи на поддршката од жените, младите луѓе и Латиноамериканците. За демократските кандидати гласале 55 проценти од жените и 62 отсто од младите на возраст од 18 до 34 години.

Аналитичарите оценуваат дека главна карактеристика на овие избори беше досега невидената поделба во американското општество, во чиј центар се најде претседателот Трамп.

избори Конгрес САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.