Published: Wednesday, November 2, 2016 15:16
Полицијата во сојузната американска држава Ајова денеска соопшти дека двајца полицајци се убиени во заседа во градот Де Моин.
Убиецот е идентификуван како Скот Мајкл Грин (46) од Урбандејл, предградие на Де Мин, за кого полицијата тврди дека е вооружен и се смета за опасен.
За сега не се наведува мотивот за двојното убиство.
Официјални претставници на Ајова, држава во централниот дел на САД, соопштија претходно дека двајцата полицјаци се убиени во заседа околу еден часот по полноќ по локално време.





