Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД ги повикаа семејствата на своите државни службеници да ја напуштат Белорусија

0
By Sashko on February 1, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 1, 2022 09:26

САД ги повикаа семејствата на своите државни службеници во Белорусија да ја напуштат земјата, соопшти вчера Стејт департментот, откако се зголемија стравувањата од руска инвазија на соседна Украина.

Наредбата дојде неколку часа откако Вашингтон и Москва ги судрија ставовите околу Украина во Советот за безбедност на ОН и откако Вашингтон се закани дека ќе воведе санкции за богатите руски олигарси доколку поранешната советска држава биде нападната.

САД, исто така, ја обвинија Русија дека планира да го зголеми своето воено присуство на територијата на сојузникот Белорусија на 30.000 војници во следните неколку недели.

Стејт департментот „нареди заминување на членовите на семејствата на претставниците на американската Влада“ од Белорусија, се наведува во соопштението.

Дипломатскиот сервис, исто така, ги предупреди Американците да не патуваат во Белорусија „поради произволното спроведување на законот, ризикот од притвор и невообичаеното и пренатрупано руско воено присуство на границата на Белорусија со Украина“.

Според САД, Москва веќе префрлила околу 5.000 војници во Белорусија.

Видовме докази дека Русија има намера до почетокот на февруари да го прошири своето присуство на повеќе од 30.000 војници во близина на белоруската граница со Украина, изјави американската амбасадорка Линда Томас-Гринфилд во Советот за безбедност на ОН вчеравечер, додавајќи дека силите ќе бидат „за помалку или повеќе од два часа северно од Киев“.

Но, нејзиниот руски колега, Василиј Небензја, ги отфрли обвинувањата, изјавувајќи дека Вашингтон е „во хистерија“ кога свикува состанок на Советот за безбедност за состојбата во Украина. Тој додаде дека ниту еден руски функционер не се заканил дека ќе ја нападне поранешната советска република и дека на Украинците им бил испран мозокот од „русофобијата“ на Западот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.