Воените сили на САД доставиле оружје, муниција и медицинска помош за Курдите кои се борат против Исламската држава во сирискиот град Кобани.
Според дописниците на странските медиуми, пратките на САД за Курдите би можеле да ја налутат Турција.
Силите на САД досега извршија речиси 135 воздушни напади против ИД во Кобани. Нападите започнаа во почетокот на октомври.
Воздушните напади на Меѓународната коалиција против ИСИС помагаат екстремистичката група да биде потисната од градот.
Неодамна турскиот претседател Реџеп Таим Ердоган изјави дека нема да дозволи курдските борци да добијат оружје од Американците, бидејќи курдската организација ПКК е брендирана како терористичка организација од страна на Турција.
Американската администрација соопшти дека претседателот Обама во телефонски разговор во саботата го информирал Ердоган дека ќе биде извршена пратка. Засега нема информации како турскиот претседател реагирал на тоа.




