Меѓународната коалиција формирана во борбата против ИСИС, а предводена од САД, соопшти дека убиле илјадници радикални џихадисти.
Зборувајќи пред новинарите во Лондон, заедно со британскиот министер за надворешни работи и премиерот на Ирак, генералниот секретар на САД, Џон Кери рече дека околу 2.000 воздушни напади биле спроведени, што пак резултирало со разбивање на расположението кај ИСИС и разбивање на нивната мрежа на финансии, а биле убиени половина од водството на организацијата.
Според анонимен командант на американските сили, според груба проценка, околу 6.000 џихадисти се убиени.
Забелешките на американските претставници доаѓаат откако Премиерот на Ирак, Хаидер-ал-Абди, неодамна изјави дека САД и партнерите „многу зборувале а бавно работеле“, односно тој побара САД и партнерите да ги снабдат ирачките воени сили со оружје, што побрзо.
Овие негови коментари пак, беа отфрлени од секретарот за одбрана на САД, Чак Хејгел.
– Не се согласувам со коментарите на Премиерот. Ќе надополнам и дека, според моето мислење тие не се многу од помош, изјави Хејгел. „Имаме коалиција од над 60 земји кои се собраа да му помогнат на Ирак, и мислам дека Премиерот треба да размисли за неговите критики“.
Во понатамошната негова изјава, Хејгел набројуваше каква се опрема била донирана во Ирак, а помеѓу нив оклопни возила, ракети, амуниција и тренинг-кампови.
Претставниците на американските разузнавачки служби велат, и покрај ова, не запира бројот на странци кои преминуваат во редовите на ИСИС, а нивната иделогија се ширела многу брзо.
На состанокот на партнерите од коалицијата формирана за борба против Исламската држава, Кери потенцираше дека „можат и подобро“ како би се стопирале преминувањата на странци во ИСИС, и да се секнат финансиските извори на џихадистите.
Разговорите во Лондон собраа лидери на земји од Европа, Австралија, Канада, Америка и неколку земји од Персискиот Залив.




