Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД и Русија на преговори за ситуацијата во Украина

0
By Biljana on January 9, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

САД и Русија денеска во Женева ќе започнат разговори за растечките тензии околу Украина.

Москва бара нов сеопфатен безбедносен аранжман со Западот, но се соочува со силен притисок да ги повлече силите.

Преговорите на високо ниво ја отвораат дипломатската недела во која Русија ќе се сретне со НАТО и Организацијата за европска безбедност и соработка, а САД се обидуваат да ги уверат европските сојузници дека нема да бидaт изоставени од преговорите.

Русија собра десетици илјади војници на границата со Украина до крајот на минатата година и бара гаранции дека НАТО нема да се шири кон исток или да постави нови бази во поранешниот Советски Сојуз.

САД, кои ќе бидат претставени од заменичката на државниот секретар Венди Шерман, се согласија на разговори, иако јасно ставија до знаење дека многу од предлозите на Москва не се добар почеток за преговори.

Првично беше планирано преговорите да започнат во понеделник, но Шерман ќе се сретне на работна вечера со рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков в недела, изјави портпаролот на Стејт департментот.

Државниот секретар Ентони Блинкен, отфрлајќи ги барањата на Москва како манипулација, инсистираше на тоа дека разговорите нема да донесат никаков напредок сè додека Русија има насочено пиштол во главата на Украина.

„Подготвени сме силно да одговориме на понатамошна руска агресија. Дипломатско решение е сè уште можно и пожелно доколку Русија го избере“, рече Блинкен во петокот.

Рускиот претседател Владимир Путин се состана со американскиот колега Џо Бајден во Женева во јуни каде се согласи да се одржуваат редовни разговори за стабилност меѓу Шерман и Рјабков.

Женева односи САД-Русија Русија САД Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.