Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД и сојузниците извршија десетина напади врз проиранските Хути во Јемен

0
By Marija Todorovska on January 12, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

САД и неколку нивни сојузници, вклучително и Велика Британија, извршија воени напади врз повеќе од десетина цели во Јемен контролирани од милицијата на Хутите поддржана од Иран, рекоа американски официјални лица, во проширувањете на војната на Блискиот Исток.

Како што пренесува Њу Јорк Тајмс, воздушните и поморските напади дојдоа како одговор на повеќе од дваесетина беспилотни и ракетни напади на Хутите врз комерцијални бродови во Црвеното Море од ноември, и по предупредувањата до Хутите во изминатата недела од администрацијата на Бајден и неколку меѓународни сојузници за сериозни „последици “ ако нападите не запрат. Хутите се спротивставија на тој ултиматум.

Од Холандија, Австралија, Канада и Бахреин, исто така, се очекуваше да обезбедат логистичка, разузнавачка и друга поддршка, изјавија американските власти.

Не е  јасно дали сојузничките напади ќеуспеат да ги одвратат Хутите да продолжат со нивните напади. Хутите, чии воени способности беа усовршени со повеќе од осум години борби против коалицијата предводена од Саудиска Арабија, со задоволство ја дочекаа можноста за војна со САД.

„Удобно ни е со директна конфронтација со Американците“, рече еден од лидерите.

САД и Велика Британија извршија големи воздушни напади врз цели во Јемен поради нападите на Хутите врз товарни бродови во Црвеното Море. Хутите се бунтовничка група поддржана од Иран која контролира голем дел од Јемен. Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека американската и британската армија, со поддршка на Австралија, Бахреин, Канада и Холандија, рано утринава извршиле напади врз областите под контрола на Хутите.

Беа погодени повеќе од 12 цели, вклучително и главниот град Сана и Ходеида, пристанишното упориште на Хутите на Црвеното Море. Мета беа логистички центри, системи за противвоздушна одбрана и складишта за оружје.

 Кои се Хутите и зошто ги напаѓаат бродови во Црвеното Море?

Нападите на Хутите започнаа откако започна конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври. Хутите изјавија дека го поддржуваат Хамас и рекоа дека ќе го таргетираат секој брод што патува кон Израел, пишува Би-би-си.

Во ноември запленија израелски товарен брод, а потоа нападнаа неколку комерцијални бродови со беспилотни летала и балистички ракети. Нивните напади на Црвеното Море се зголемија за 500 отсто помеѓу ноември и декември. Тие станаа толку голема закана што големите бродски компании престанаа да работат во регионот.

Речиси 15 отсто од глобалната поморска трговија минува низ Црвеното Море, кое е поврзано со Средоземното Море преку Суецкиот канал и претставува најкратка поморска рута меѓу Европа и Азија. Големите бродски компании, вклучително и Медитеранската бродска компанија, Маерск, Хапаг-Лојд и нафтената компанија БП, рекоа дека ги пренасочуваат бродовите подалеку од Црвеното Море.

Затоа, меѓународните пазари стравуваат дека цените на горивата ќе пораснат и синџирите на снабдување ќе бидат нарушени. САД го обвинија Иран дека е вклучен во планирање операции против комерцијални бродови во Црвеното Море.

Кои се Хутите?

Хутите се вооружена група од јеменското шиитско муслиманско малцинство. Тие се именувани по основачот на движењето, Хусеин ал Хути. Групата беше формирана во 1990-тите и се бореше против, како што веруваа, корупцијата на тогашниот претседател Али Абдула Салех.

Салех, со поддршка на армијата на Саудиска Арабија, се обиде да ги елиминира Хутите во 2003 година, но безуспешно. Хутите водат граѓанска војна против јеменската влада од 2014 година. Владата беше поддржана од коалиција на арапски земји предводена од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Хутите, заедно со Хамас и Хезболах, се декларираат како дел од оската на отпор што Иран ја води против Израел, САД и поширокиот Запад.

Кој ги поддржува Хутите?

Бунтовничката група Хути е моделирана по шиитската вооружена група во Либан, Хезболах, која им обезбедува поддршка и обука од 2014 година. Иран е и нивен сојузник, имајќи предвид дека Саудиска Арабија е нивни заеднички непријател. Иран е осомничен дека ги снабдува Хутите со оружје и им обезбедува витални разузнавачки информации што им овозможуваат да напаѓаат бродови во Црвеното Море.

„Знаеме дека Иран е вклучен во планирање операции против комерцијални бродови во Црвеното Море. Ова е во согласност со долгорочната материјална поддршка на Иран и охрабрување на дестабилизирачките акции на Хутите во регионот“, рече Адриен Вотсон, портпаролка на Белата куќа за национална безбедност. .

Иран, од друга страна, негира вмешаност во нападите на Црвеното Море. Хутите истрелаа балистички ракети и беспилотни летала кон Израел од почетокот на војната во Газа. Во случај Иран да ги снабдува со оружје, тоа би значело дека го прекршил ембаргото за оружје на ОН. Иран, се разбира, негираше.

Колкав дел од Јемен е под контрола на Хутите?

Официјалната влада на Јемен е Претседателскиот совет, на кој претседателот Абдрабух Мансур Хади ги префрли своите овластувања во април 2022 година. Сепак, седиштето на владата е во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, откако Хади побегна таму во 2015 година.

Поголемиот дел од јеменското население живее во области под контрола на Хутите. Покрај Сана и северниот дел на Јемен, Хутите го контролираат и брегот на Црвеното Море. Групата во таа област собира даноци и печати пари. Советот за безбедност на ОН наведува дека до 2010 година Хутите имале меѓу 100.000 и 120.000 следбеници составени од вооружени војници и невооружени поддржувачи.

Драган Мишев / Цивил Медиа

Јемен напади САД Хути
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.