САД и Велика Британија за демократска Сирија

САД и Велика Британија ветуваат демокрстака Сирија. Ова денска во Вашингтон го изјавија претседателот Обама и Премиерот Камерон.

Како што изјави Камерон светот има одговорност да стави крај на владеењето на режимот на Башар ал Асад. Тој додаде дека сириската историја се пишува со крвта на нејзините граѓани и како што рече, тоа се случува „пред наши очи“.

Претседателот Обама истакна дека Русија има „обврска да се обиде да го реши ова прашање“. Но, тој призна дека сомничавоста на Москва кон западните демократии, долго време по завршувањето на Студената војна, може да е пречка за руските лидери да најдат заеднички јазик со Западот против нивниот долгогодишен сојузник Сирија.