Published: Friday, September 1, 2017 20:41
Американската забрана за своите граѓани да патуваат во Северна Кореја стапи на сила, во време на вжештени тензии поради севернокорејските пробни тестирања – пренесува „BBC“.
Ова ново правило е објавено откако американски студент почина по излегувањето од затвор во Северна Кореја.
Секој граѓанин на САД кој ќе го прекрши правилото може да се соочи со кривични казни и одземање на пасош.
Дозволено ќе биде патување во Северна Кореја само во ретки случаи, како што се новинарите и хуманитарците.




