Монструозната бура во Северо-источна Америка зеде еден живот, стотици илјади остави во мрак студ синоќа а милиони жители се предупредени да не излегуваат надвор, јавува Си-Ен-Ен.

Бурата која започна во петокот наутро во делови од Њујорк, се очекува да продолжи и денес во Род Ајленд, источен Масачусетс и Мејн.

Синоќа, агенцијата за вонредна состојба за управување на Конектикат на Твитер предупреди дека “екстремно тежок снег” се движи низ централните и источните делови на земјата.

Авионскиот сообраќај е прекинат за повеќе од 4.300 летови, вклучувајќи ги трите главни аеродроми во Њујорк, додека железничкиот оператор Амтрак ги укина сите сервиси во северниот дел на градот, јавува Би-Би-Си.