Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД ќе ја тужи агенцијата “Стандард енд пурс”

0
By Нова ТВ on February 5, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 5, 2013 12:50

Американската влада ќе ја тужи агенцијата “Стандард енд пурс” поради нејзините проценки за хипотекарните обврзници пред избувнувањето на финансиската криза, јавува агенцијата.

Кривичната тужба ќе се однесува на високиот рејтинг на “Стандард енд пурс” за некои хартии од вредност поврзани со хипотеките од 2007 година, чија вредност подоцна нагло паднала. Во “Стандард енд пурс” тврдат дека нема никаква законска основа за случајот.

По објавувањето на веста на “Волстрит журнал”, цените на акциите на сопственикот на “Стандард енд пурс”, американската издавачка и медиумска групација Мекгро хил, опаднале за 14%, а на Мудис 10%.

“Стандард енд пурс” и другите рејтинг-агенции, веќе неколку години се цел на критики од страна на инвеститорите, политичарите и од страна на регулаторите за доделување на највисокиот рејтинг, ААА, на илјадници хартии од вредност кои подоцна изгубија голем дел од вредноста.

Издавачите на тие хартии од вредност им плаќаат на агенциите, што доведува до сомнеж за потенцијален судир на интереси.

Од агенцијата велат дека Министерството за правда ги известило за кривичната тужба, иако оттаму одбиваат да коментираат.

Ова досега е прва тужба против кредитна агенција поради наводни пропусти во врска со финансиската криза. Американските медиуми јавуваат дека некоку сојузни држави ќе се приклучат на тужбата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.