Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД нема стратегија за промена на режимот во Москва, тврди Блинкен

0
By НОВА ТВ Balaban on March 27, 2022 СВЕТ
Фото: sputniknews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен, изјави дека „Америка нема стратегија за промена на режимот во Москва“.

Блинкен беше замолен од новинарите да ја коментира вчерашната изјава на американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека рускиот претседател Владимир Путин „не може да остане на власт“.

– Мислам дека претседателот, како што објасни синоќа Белата куќа, рече дека Путин не може да има овластување да започне војна или агресија против Украина или некој друг, рече Блинкен.

– Како што знаете, ние многупати кажавме дека Америка нема стратегија за промена на режимот во Москва или на кое било друго место, рече Блинкен.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера во Варшава изјави: – Па овој човек не може да остане на власт, мислејќи на Путин.

По реакцијата во јавноста, Белата куќа ја појасни неговата изјава.

„Поентата на претседателот беше дека на Путин не може да му се дозволи да има власт над соседите или во регионот. Тој не го коментираше владеењето на Путин во Русија или промената на режимот“, изјави претставник на Белата куќа за Волстрит Џурнал.

Реакција веднаш пристигна и од Москва. – За тоа не може да одлучува господинот Бајден. Тоа може да биде избор само на народот на Руската Федерација, изјави портпаролот на Путин.

Во својот говор Бајден рече дека Европа мора да се „челичи“ за долга борба против руската агресија.

Тој зборуваше пред кралската палата во Варшава, која беше сериозно оштетена за време на Втората светска војна.

Тој посочи дека инвазијата на Путин на Украина се заканува да доведе до „децениски војни“.

– Мораме да имаме јасна визија во оваа борба. Оваа борба не може да се добие за неколку дена или месеци, рече американскиот претседател.

Меѓу околу 1.000 собрани имаше и украински бегалци кои избегаа од војната во Полска.

Обраќајќи му се директно на Путин, тој предупреди дека Русите не смеат да преминат ниту еден метар на територијата на НАТО.

Осудувајќи ја инвазијата на Украина, Бајден му порача на рускиот народ да не го сметаат за непријател.

Тој имаше и средба со украински бегалци, меѓу кои и цели семества принудени да ги напуштат своите домови. На новинарско прашање за тоа што помислил за Путин по средбата со бегалците, Бајден одговори: Тој е крвник.

Една жена која разговарала со него му рекла дека таа е таму со својата ќерка, но дека нејзиниот сопруг и син се вратиле во Украина да се борат. – Тоа е страшно, рече Бајден.

Жената со помош на преведувач проговорила за хоророт низ кој поминало нејзиното семејство и рекла дека „Украинските мајки се подготвени да го задават Путин со голи раце“.

промена САД стратегија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.