Published: Thursday, November 27, 2014 08:36
Снежната бура откажа над 3.000 летови во североисточниот дел на Америка во пресрет на големиот празник Денот на благодарноста.
Невремето најмногу ги зафати Бостон, Филаделфија, Њујорк и Вашингтон.
Се предвидува и застој во сообраќајот, во текот на празникот околу 46 милиони луѓе ќе патуваат по 80 или повеќе километри, повеќето со автомобил, и дека лошото време може да предизвика проблеми на патиштата.
До среда попладне, беа откажани 597 летови, а 2.537 пролонгирани, додека најголеми штети претпеа аеродромите во Филаделфија, во Њу Џерси и во Њујорк.
Денот на благодарноста секоја година се слави во последниот четврток во ноември.




