САД вчера најавија нови ограничувања во работата на руските дипломатски претставништва и побараа од Москва од 2 септември да ги затвори генералниот конзулат во Сан Франциско и двете дипломатски одделенија во Њујорк и Вашинготн каде се сместени трговските мисии.
Потегот се смета како реципроцитет на одлуката на Москва да му наложи на Вашингтон да го намали бројот на дипломатските претставници во Русија на 455 луѓе, со што би биле изедначени со бројот на руските дипломати во САД.
Русија најави дека ќе реагира на оваа американска одлука откако ќе ја завршат анализата на потегот на Вашингтон.