Aдминистрацијата на американскиот претседател Џо Бајден подготвува дополнителна воена помош за Украина во вредност од 800 милиони долари, која може да биде официјализирана уште денеска.

„Бајден може да одобри помош, користејќи го претседателското овластување што овозможува брза испорака на вишок оружје од американските резерви на странски држави или организации во итни случаи“, тврдат добро упатени извори.

Лицата кои сакаат да останат анонимни, наведуваат оти најавата за помошта може да биде и следната недела, а можно е предвидениот пакет вооружување да ја смени вредноста пред да биде објавен официјално.