Полицаецот Дарен Вилсон кој во август годинава го застрела 18-годишниот Афро-американец Мајкл Браун изјави за ABC дека „совеста му е чиста“ и само ја извршувал својата работа.
Оваа изјава ги вознемири жителите и на други градови, со што протестите се проширија во над 170 града, вклучувајќи ги Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго, Сиетел, Вашингтон, и Атланта.
Втор ден по ред најтензична е атмосферата во Фергусон, каде во текот на ноќта властите испратија уште 2.200 припадници на Националната гарда.
Немирите во САД доаѓаат по судската одлука да не се обвини полицаецот кој со 12 куршуми го застрела Браун.
Втор ден траат немирите во САД кои избија после судската одлука да не се обвини полицаецот кој летоска уби афроамерикански тинејџер во Фергусон.
Според полицаецот Вилсон тој реагирал бидејќи стравувал дека младиот Браун може да го убие. На прашањето, дали исто би постапил доколку Браун бил белец, тој одговори: „Да, без сомнение“.
Полицијата на критичните места постави оклопни возила, користи солзавец, а за прв пат на улиците изнесе и полициски кучиња.
Барак Обама повторно го осуди насилството во Фергусон.
– Нема оправдување за палењето згради, автомобили, уништувањето имот и доведувањето на други луѓе во опасност. Тоа се криминални дела, рече Обама синоќа во Чикаго.
Семејството на убиениот Браун ја осуди судската одлука, но повика на мир.




