Published: Thursday, March 3, 2022 08:55
Соединетите Американски Држави ја обвинија Русија дека започнала „целосна војна против слободата на медиумите и вистината“ со блокирање на независни медиуми и спречување на Русите да слушнат вести за инвазијата на Украина.
Руската влада, исто така, ги задушува платформите на Твитер, Фејсбук и Инстаграм на кои се потпираат десетици милиони руски граѓани за да пристапат до независни информации и мислења, се вели во синоќешното соопштение на Стејт департментот.
Русите ги користеа социјалните мрежи за да се поврзат меѓу себе и со надворешниот свет, се додава во соопштението.




