САД се обиделе да го уапсат филмскиот режисер Роман Полански кој присуствуваше во Полска на отворањето на еврејски музеј, пренесува полски весник. Властите во Америка од поодамна трагаат по 81-годишниот режисер, кој има француско и полско државјанство, под обвинение за незаконска сексуална врска со малолетник.
Барањето за екстрадиција испратено од САД до јавниот обвинител на Полска, се прави со цел Полански да биде изведен пред суд по ова обвинение.
Засега обвиненијата се отфрлени, бидејќи не ги исполнува критериумите утврдени во меѓународните договори – барањето не е претставено на полски јазик, изјави за весникот висок функционер во министерството за надворешни работи.
Уште во 2010 година, главниот обвинител на Полска, изјави дека екстрадиција на Полански не е можна, бидејќи според полските закони делото му застарело.
Во 2009 година славниот режисер беше уапсен во Цирих кога присуствуваше на церемонија на која му беше доделена награда, но беше ослободен откако падна американската иницијатива за екстрадиција.




