Околу 6 часот по локално време се урна мост во американскиот град Питсбург пришто, според полициски извори, се повредени три лица кои се надвор од животна опасност. Спасувачките екипи во моментот трагаат по евентуални жртви под урнатините, но засега нема информации за човечки загуби.
Фотографиите од местото на несреќата покажуваат како автобус останал да виси на дел од мостот кој се урна. Во воздухот се чувствува и силен мирис на гас, поради што гасоводот е затворен.
Пенсилванија има 3.353 мостови во лоша состојба. Според нацрт-законот поддржан и од демократите и од републиканците, Пенсилванија треба да добие 1,63 милијарди американски долари помош од федералната влада во следните две години за санација на мостовите.