За лидерите од светот и особено Европа, последното соопштение од американскиот Стејт Департмент доаѓа како позитивно изненадување, бидејќи САД сепак ќе учествува во меѓунаордните преговори за климатските промени.
Иако за време на својата изборна кампања и сега како претседател, Доналд Трамп тврдеше дека Вашингтон ќе се повлече од Парискиот договор за климатските промени, сега го сменил мислењето.
„САД ќе продолжи да учествува во меѓународните преговори и состаноци посветени на климатските промени како би ги заштитиле американските интереси и би обезбедиле сите опции за идната политика бидат отворени за американската администрација“, се вели во соопштението на Стејт Департментот.
Оттаму дополнуваат дека таквата вклученост во преговорите ја подразбира и примената на Парискиот договор.




