Published: Friday, October 30, 2015 17:54
САД одлучи да испрати мал број на специјални сили во Сирија со цел да им даваат совети на бутовниците во борбата против ИСИС.
Обама овласти повеќе од 50 припадници на специјалните сили да бидат распоредени во Сирија.
Според нив, со тоа ќе им помогнат на локалните сили да се координираат против милитантите на Исламската држава. САД ќе испрати дополнителни борбени авиони, во турската воздушна база Инџирлик.
Ова прв пат американсакта војска да стапне на терен во Сирија. Повеќе од една година веќе САД и коалицијата извршуваат воздушни напади врз позициите на ИСИС во Ирак и делови од Сирија.




