Published: Tuesday, March 15, 2022 08:09
Соединетите Американски Држави ги информираа своите сојузници дека Русија побарала воена опрема од Кина, вклучувајќи ракети, беспилотни летала и оклопни возила, и дека Кина „одговорила позитивно“ на барањето, пишува „Фајненшл тајмс“.
“Од дипломатската депеша што ја испратила САД не е јасно дали Кина веќе ја испратила помошта или едноставно се обврзала да го стори тоа“, додава „Фајненшл тајмс“.
„Меѓу барањата на Русија се и готовите воени оброци“, изјавија претходно два извори за „Си-Ен-Ен“.
Еден од нив сугерираше дека храната би можела да биде барањето на кое Кина би можела да се согласи, бидејќи тоа не е дел од помошта на која Западот би можел да реагира.




