Published: Saturday, December 19, 2015 11:12
САД ги заостри ограничувањата за влез во САД за државјани од 38 земји, кои досега влегуваа без визи. Ова е втора значајна мерка во врска со безбедноста што Конгресот ја усвојува по нападите во Париз на 13 ноември.
Од 38-те земји, 30 се европски, меѓу кои и Белгија и Франција, на чии државјани не им требаа визи за САД, но се најдоа на оваа листа бидејќи најголем дел од терористите од Париз се токму од овие две земји.
Според усвоената мерка, визи за влез во САД им се потребни на сите што изминативе пет години биле во Ирак или Сирија.
Постојаниот претставик на ЕУ во САД Дејвид О‘ Саливен се закани со реципрочна мерка, и побара наместо ограничувања, Вашингтон да ги вклучи и преостанатите 5 земји членки на Унијата во безвизниот режим.




