Published: Sunday, June 23, 2019 11:44
САД започнале сајбер напади врз иранските воени компјутерски системи само неколку часа откако Иран го урна американското беспилотно летало пред два дена, објавија американските медиуми Вашингтон Пост и АП. Повикувајќи се на неименувани официјални претставници, медиумите пишуваат дека нападите се спроведени со одобрение на американскиот претседател Доналд Трамп.
Нема официјална потврда од претставниците на одбраната на САД. Информацијата за сајбер нападите доаѓа по изјавата на Трамп дека во последен миг се предомислил за конвенционален напад на воени мети во Иран затоа што, одговорот немало да биде пропорционален и ќе доведел до голем број на ирански воени и цивилни жртви.




