Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Саем на книга од 18 до 24 април во арена „Борис Трајковски“

0
By Marija Todorovska on April 16, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 16, 2024 14:17

Со повеќе од 30 промотивни настани, од 18 до 24 април во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи 36. издание на Саемот на книга. Слоганот е „Приказна се чита“, чија што цел е да го доближи саемот до помладата популација, а покрај едукативно-културниот аспект, годинава се воведува и општествено одговорна компонента.

Даниела Глигоровска, управител на Скопски Саем на денешниот брифинг со новинарите, најави дека саемот ќе биде отворен за посетители во 10 часот, а во 13 часот ќе биде официјалното отворање, при што обраќање ќе има министерката за култура, со оглед на тоа што Министерството за култура е покровител, а Саемот на книга е прогласен за проект од национален интерес во културата.

-Седум дена ќе бидат отворени вратите за читателите на годинашниот Саемна книга. Како еден од новите изложувачи кој што е најавен и ќе биде присутен е Гете Институтот и амбасадорката на Република Сојузна Германија, која исто така ќе присуствува на официјалниот дел на отворањето. Програмата е богата, рече Глигоровска.

Оваа година, како што рече, Саемот на книга има и општествено одговорна компонента. Со секоја купена редовна влезница ќе се донираат 15 денари за СОС детско село. Исто така, по повод 23 април – Светскиот ден на книгата, во СОС детско село и ДУЦОР „Партенија Зографски“ од Скопје – средно училиште за ученици со оштетен слух ќе бидат донирани по 100 книги и бесплатни годишни претплати од Boksy – изложувач на саемот, за година онлајн читање на книги.

– Се обидуваме фокусот на младите, кој што е ориентиран на социјалните мрежи, да го насочиме кон вистинското читање и на тој начин да го доближиме Саемот на книга до помладата популација. Затоа, овој слоган претставува еден вид спојување на социјалните медиуми и фокусот кон вистинското читање и вистинските книги, додаде Глигоровска.

Претседателот на Македонска Асоцијација на издавачи (МАИ), Бојан Саздов на денешниот брифинг  информираше дека годинава во рамки на Саемот на книга е додадена и професионална програма, Фелоушип програма, по примерот на сите поголеми светски саеми.

-Идејата беше Саемот да добие една поинаква димензија и преку отворен конкурс, кој беше проследен до сите регионални и европски издавачи и асоциации, да бидат поканети професионалци од областа, кои ќе дојдат во нашата држава и ќе се запознаат со современите текови во нашата книжевност, со нашето издаваштво, да се вмрежат подобро, да се запознаат со издавачите, со цел и со намера да имаме и подобар пласман на нашата книжевност во странство, рече Саздов.

Оваа година, како што најави, ќе дојдат пет гости – книжевен агент од Франција, но и претставници од Словенија, Грција, БиХ и од Црна Гора.

-Сите гости ќе пристигнат на 17 април, а ќе бидат тука до 20 април. Централниот настан ќе биде на Саемот, при што ќе има една панел дискусија на тема, на која што ќе бидат поканети и овие гости. Се надеваме Саемот да добие и професионална димензија во иднина, рече Саздов.

 

Годинава се воведува и нов концепт на поставка на штандовите, за подобра видливост на сите изложувачи и издавачи, а помалите издавачи во однос на квадратурата ќе бидат визуелно подостапни до публиката.

-И оваа година имаме богата програма на настани, промоции и дружби со автори кои ќе се случуваат во промотивниот центар како главна бина, во текот на шест саемски денови. Последниот ден нема да има промоции. Ќе се случат околу 30 настани, меѓу кои и доделување на наградите од Асоцијацијата на издавачи и секако фелоушип програмата, рече оперативниот директор на Саемот на книга Сања Кондарко.

Таа напомена дека во рамки на програмата, фокусот нема да биде ставен само на продажба на книгите, туку и на доближување на авторите, дружба, интеракција со читателите.

– Годинава фокусот ќе биде на детската програма. Ќе има посебен дел детска програма, со маскоти, што ќе се одржува во викенд деновите на Саемот. Учениците и оваа година ги очекуваме во голем број, додаде Кондарко.

Работното време на Саемот на книга ќе биде од 10 до 20 часот.

Борис Трајковски Саем на книга Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.