Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Саемот на книга ќе трае еден ден подолго

0
By on April 8, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 8, 2013 16:00

На 70 штандови од домашни издавачи и од книгоиздателства од соседството од утре до 15 април во Метрополис арената ќе се одржува 25. Саем на книгата. Cвечено отворање е вечерва во 19 часот.

Годинава саемот ќе биде поместен во само една хала и ќе трае еден ден повеќе. Претседателот на Здружението на издавачи и книжарни на Македонија, Горјан Лазаревски рече дека тоа е можност за читателите да имаат цел викенд за посета на саемот, наместо тој да завршува во недела како во изминатите години.

Издавачите за Саемот ги подготвуваат промоциите на своите изданија. Покрај учеството на домашните книгоиздателства, најавија и гостување на издавачи од Србија, Албанија, Италија и од Шведска. Најавени се и промоции на нови книжевни изданија, литературни читања и средби со автори, меѓу кои и со светски познатиот детски писател, Швеѓанецот Улф Старк

Домашните издавачи најавуваат многу преводи и нови книги од домашни писатели. Тие годинава очекуваат повеќе придружни настани, дебати, трибини…

Издавачката куќа „Ѓурѓа“ за време на саемот ќе има промоција на наградениот роман од конкурсот по повод јубилејот 25 години „Мисија“ од Миле Костов. „Култура“, пак, ќе ја промовира книгата „Пишувајќи ги изгубените топки“ од Фросина Пармаковска, а нејзин промотор ќе биде писателот Ермис Лафазановски. Оттаму најавуваат и презентација на италијанските изданија на „АЛМА едизиони“ чиј промотор ќе биде Јулијана Синадиновска.

Издавачката куќа „Дијалог“ најави промоција на романите „Сестрата на Зигмунд Фројд“ и „Разговор со Спиноза“ од Гоце Смилевски и „Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски.

„Или-или“ ги промовира романите: „Тринаесеттиот месец“ од Александар Русјаков, „Бели заби“ од Зејди Смит, „Фотосинтеза“ од Игор Ангелков, „Кругови“ од Тина Иванова

На Саемот на книгата издавачката куќа „Темплум“ ќе ја претстави новата едиција „Квир сквер“. Еден од првите три наслови во едицијата е извонредната дебитантска книга на младата словенечка авторка Уршка Стерле

И Министерството за култура ќе има свој штанд на саемот, на кој секој ден од 12 до 13 часот ќе ги презентира капиталните книжевни проекти на Владата на РМ: едицијата „130 тома македонска книжевност“ на македонски и на англиски јазик, преводите на дела на нобеловци – 145 наслови, од кои последните 20 ќе бидат промовирани следната недела, и едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ која опфаќа 560 наслови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.