Саемот за книга годинава ќе се одржи во Спортскиот центар  „Борис Трајковски“, за што од Министерството за култура веќе разговарале со раководството, соопшти Министерството за култура од каде додаваат дека постои големо расположение да им се излезе во пресрет на издавачите и љубителите на книгата и саемот годинава сепак да се одржи во нашата најголема сала, која нуди мултифункционални простории и може да се адаптира на манифестацијата.

Министерството за култура во наредните денови ќе организира повеќе средби со организаторите и здруженијата на издавачи за поконретните аспекти на организирање на Саемот и обезбедување на потребната поддршка.