Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сали за МИА: Неколку болници како „црвени зони“ за евентуален бегалски бран од Украина, засега состојбата е мирна

0
By НОВА ТВ Balaban on March 14, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 14, 2022 16:00

Состојбата со евентуален бран на бегалци од Украина засега е мирна и досега единствена здравствена услуга на бегалец од Украина е раѓањето на едно девојче во Гинеколошката болница во Чаир, вели во интервју за МИА министерот за здравство Беким Сали, во врска со евентуалните стравувања за зголемувањето на бројките на новозаразаени со Ковид-19, доколку бегалскиот бран се прелее во Северна Македонија.

Околу 2,7 милиони бегалци досега ја напуштиле Украина. Неодамна Меѓународната федерација Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФЦР) изразија загриженост дека војната во Украина би можела да доведе до зголемување на бројот на новозаразени со Ковид -19 како во Украина, така и во нејзините соседни земји. Северна Македонија не е сосед, но сепак надлежните кај нас повеќепати нагласуваа дека се подотвуваат за евентуален бран бегалци.

-Засега ние немаме наплив на мигранти од Украина и тие малку што се, во помал број, се згрижени. Досега не сме имале некоја посебна потреба од итна здравствена услуга, освен раѓањето на едно девојче во Гинеколошката болница во Чаир. Тоа е единствената услуга засега што сме ја пружиле на мигрант. Досега немаме ни најава за доаѓање, за пристигнување на некој одреден број на мигранти. Меѓутоа, сепак ние како Министерство сме организирани и спремни за пречекување. Неколку болници сме ги назначиле како „црвени зони“, односно точки каде што би можеле да пристапуваат евентуално новодојдените мигранти и сметам дека сме доволно спремни за пречек, нагласува Сали за МИА.

Министерот за здравство во интерјуто за МИА, кое целосно ќе биде објавено утре со видеоматеријал, говори и за моменталната состојба со Ковид-19, за ковид-мерките, состојбата со вакцинација, колективниот имунитет, но и генерално за останатите проблеми со кои се соочува здравствениот систем.

„црвени зони“ болници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.