Одговарајќи на новинарско прашање, дали можеби гледа руско влијание во честите непријателски изјави кон Македонија во последно време, заменик државниот секретар на САД Џон Саливан, призна дека имало руско влијание на претседателските избори во САД во 2016 година.
-Го видовме тоа во други делови во Европа, го видовме тоа во изборите во САД претходно во 2016, на пример. Тоа не е изненадување. Но повторно, САД стојат зад Македонија, со владата, со народот во Македонија и ќе им помогнеме на другите кои се обединети и ја поддржуваат на оваа влада во спротивставувањето и откривањето на руското злонамерно влијание во Македонија , каде било во регионот, во Европа или каде и да е чија цел е да поткопаат легитимните демократски процеси и влади кои донеле одлуки во интерес на нивниот народ како што тоа го направи Македонија тука, рече Саливан на прес конференцијата со премиерот Заев.