Салман Ружди, чија книга “Сатански стихови” го поттикна Ајатолахот на Иран да издаде фатва врз него во 1989, излезе со одговор на убиството на новинарите во средата во просториите на на францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо во Париз.
Неговата изјава:
“Религијата, средновековна форма на неразумност, кога се комбинира со модерно оружје станува вистинска закана за нашата слобода. Овој верски тоталитаризам предизвика смртоносна мутација во срцето на Исламот и ги гледаме трагичните последици во Париз денес.
Стојам со Шарли Ебдо, како што сите ние мораме, да ја браниме уметноста на сатирата, која отсекогаш била сила за слобода и против тиранијата, нечесноста и глупоста. “Почитување на религијата” стана кодирана фраза со значење ‘страв од религијата. “Религиите, како и сите други идеи, заслужуваат критика, сатира, и, да, нашето бестрашно непочитување.”




