Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самит на Г7: Фокус на трговската војна, Иран и пожарите во Амазонија

0
By Нова ТВ on August 24, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 24, 2019 14:34

Лидерите на државите од Г7 ќе се сретнат во крајот на денот во Биариц  на самит од кој се очекува да излезат со јасни решенија за кризите што ја зафатија планетата – трговската војна, Иран и пожарите во Амазонија.

Пожарите во големата бразилска прашума беа додадени во последен момент како главна тема за првиот ден од самитот.

Илјадници дипломати и новинари на Биариц очекуваат да откријат какви ставови ќе донесе американскиот претседател Доналд Трамп за прашања за кои има несогласување меѓу лидерите.

Домаќинот на самитот, францускиот претседател Емануел Макрон сака водачите на Велика Британија, Канада, Германија, Италија, Јапонија и САД да се фокусираат на прашањата за одбрана на демократијата, родовата еднаквост, образованието и климатските промени.

Белата куќа во петокот соопшти дека Доналд Трамп е „многу возбуден“ поради  разговорот со Борис Џонсон за идниот договор за слободна трговија меѓу нивните две земји.

Ќе се разговара и за одданочувањето на најголемите технолошки компании, за заживување на економијата и за ескалацијата на трговската војна меѓу Пекинг и Вашингтон, особено по наметнувањето нови царини од обете страни.

Трамп отпатува од Вашингтон во Франција во петокот само неколку часа откако објави за 5 проценти зголемување на царините на кинескиот извоз во вредност од 550 милијарди долари.

Американскиот претседател, исто така, се закани и на земјата домаќин, Франција, со наметнување данок на вино во време кога односите со долгогодишните европски сојузници се веќе заладени.

Во разговорот за иранската нуклеарна програма, Емануел Макрон ќе ги информира водачите за заклучоците од неговата средба со иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, кој во интервју ги оцени француските предлози за излез од кризата како охрабрувачки.

Самитот на седумте индустриски најразвиени  држави Г7 ќе биде „тежок тест за единството и солидарноста“ по година во која лидерите на богатите држави имаа тешко време да најдат заеднички јазик, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, пред самитот.

Тој им рече на новинарите дека трговските војни меѓу седумте земји-членки дополнително ја нарушиле меѓусебната доверба.

Тој додаде дека доколку американскиот претседател Доналд Трамп користи царии како политички инструмент, тоа би можело да биде ризично за целиот свет, вклучително и за Европската унија.

Поради големиот број теми, француските организатори ќе преместат одредени теми на посебни расправи, како што се борбата против нееднаквоста, образованието во Африка и заштита на океаните, со надеж за започнување „конкретни иницијативи“, заедно со другите поканети лидери како што се индискиот премиер Нарендра Моди и шест африкански шефови на држави.

Во меѓувреме, илјадници антиглобалисти и активисти за заштита на животна средина им се придружија на демонстрантите на движењето „Жолти елеци“  денеска на протестен марш кај Биариц, каде што започнува самитот на Г7.

Демонстрантите маршираа од блискиот град Андај, на границата меѓу Франција и Шпанија, во знак на протест против економската и климатската политика на најразвиените индустриски земји и да промовираат алтернативи, кон шпанскиот град Ирун, околу 30 километри од Биариц.

-Водечките капиталистички лидери се тука и ние треба да им покажеме дека борбата продолжува. Богатите имаат повеќе пари, а сиромашните немаат ништо. Гледаме дека шумите во Амазон се палат и се топи Арктикот. Лидерите ќе не слушнат, рече Ален Мисана, облечена во жолта боја елек – симбол на антивладини демонстрации во Франција.

Демонстрантите носат транспаренти со различни пораки – од оние што се однесуваат на правата на геј популацијата до оние упатени до лидерите на Г7.

Самитот на Г7 во Биариц го обезбедуваат повеќе од 13.000 полицајци со поддршка на војници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.