Самитот на групата најразвиени земји на светот Г20 започна денеска во австралискиот град Бризбeни, а главни теми се кризата во Украина и воведените санкции од Русија, како и борбата со еболата во Африка.
Самитот е отворен со церемонија на која се изведувала традиционална игра на австралиските Абориџини, а потоа лидерите на Г20 имел неформален состанок и се фотографирале со премиерот Тони Абот, пренесува агенцијата ТАС.
На работниот состанок, Американскиот претседател Барак Обама изјавил дека САД, како единствена супер сила во светот „ја осудува руската агресија во Украина како и другите закани“ пишува Ројтерс.
„Ние го водиме светот во борба против еболата во запдна Африка и против агресијата на Русија во Укарина, што преставува закана за целиот свет, како што беше случајот со малезискиот авион кој беше соборен во источна Украина, се обратил Обама на присутните лидери на Самитот на Г20.
Според Германската канцеларка Ангела Меркел, ЕУ размислува за воведување на на нови финансиски санкции кон поединци во Русија заради кризата во Укарина.
„Сегашната ситуација не задоволителна. Во овој момемнт размислуваме за воведување на санкции кон уште неколку личности, изјавила Меркел.
Г20 е форум на најголемите светски растечки економии и претставува 90 проценти од светскиот БДП, две третини од светското население и четири петтини од меѓународната трговија.




