Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хаг: Самит на НАТО – тест за единство

0
By Zoran Ivanov on June 24, 2025 СВЕТ, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меѓу темите и Иран иако неформално, но во меѓувреме ноќеска Трамп објави дека Израел и Иран се договориле за прекон на војната.

Денеска во Хаг започнува дводневниот самит на НАТО — еден од клучните настани за Алијансата оваа година, во време на сè поголеми глобални предизвици. Главна тема ќе биде поддршката за Украина, но влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, особено околу Иран, веќе ја наруши предвидената агенда.

Домаќините се надеваат на присуство на американскиот претседател Доналд Трамп, што е причина за значително скратување на распоредот. Иако самитот е формално европски, дипломатските очекувања се фокусирани на САД, во сенка на повратокот на  Трамп на политичката сцена.

„Трампски самит“ и ветување за 5% за одбрана

Самитот доби неофицијален прекар „Трампски самит“, поради тоа што сојузниците се договорија да работат на постигнување на целта — издвојување на 5% од националните буџети за одбраната до 2035 година, иницијатива која првично ја побара токму американски претседател.

Иако договорот формално е постигнат, неговата реална примена останува спорна. Многу членки, особено во Западна Европа, веќе укажуваат дека планот е финансиски неодржлив. Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, отворено го критикува како „неразумен и контрапродуктивен“, додека Полска и балтичките земји веќе се приближуваат кон целта.

Иран во фокусот – но само неформално

Генералниот секретар Марк Руте, на прес-конференција денеска, истакна дека самитот официјално ќе остане фокусиран на евро-атлантската безбедност, но не ја исклучи можноста лидерите да разговараат неформално за иранското прашање.

„Очекувам разговори во кулоарите, но НАТО останува посветен на заштита на својата територија и долгорочна стабилност на Алијансата“, рече Руте.

Скриено несогласување зад формулациите

Иако во завршните заклучоци се наведува дека „сојузниците се согласуваат со доделување пет проценти“, формулацијата намерно е омекната. Тоа укажува на отсуство на целосен консензус, особено поради големите економски разлики меѓу земјите-членки.

Во моментов, европскиот просек изнесува околу 2,3% од БДП, но многу земји, како Шпанија, далеку заостануваат зад целта.

Во меѓувреме ноќеска Трамп објави дека Израел и Иран се договориле за прекон на војната.

 

НАТО Самит Хаг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.