Тито Петковски: Вообичаено, не пишувам ништо што е во врска со нашата претседателка Сиљановска бидејќи Таа нема никакво влијание во нашиот општествен и политички живот.
Повод за овој пост ми даде нејзиниот вчерашен говор, во кој покрај големите фалби за надворешната политика на државата, направи и еден голем гаф.
Имено, осудувајќи го односот на ЕУ кон Македонија, оцени дека, цитирам: “со блокирањето на Македонија на патот кон ЕУ, подеднакво губат и Македонија и земјата која ја блокира”.
Нејзиниот гаф се систои во фактот што, само неколку часа пред нејзиниот говор, од Брисел пристигнаа две,за Бугарија многу важни информации.
Едната е дека “Бугарија добива финансиска подршка во износ од 960 милиони евра,како награда за успепната борба против криминалот и корупцијата.
Во втората информација се вели дека „Бугарија е трета брзорастечка економија во ЕУ”!
За Македонија, сите знаеме дека губи нешто што никогаш нема да се надомести,кога и да станеме (доколку некогаш и санеме) членка на ЕУ!
Но никако неможам да видам и разберам, што и каде губи Бугарија.
Малку ме плаши новиот „конфликтот” со Бугарија околу третото место во брзорастечките економија во Европа.ЕУ тврди дека на Бугарија и припаѓа третото место, додека Мицковски, човекот кој упорно, посветено и доследно ја уништува иднината на државата, го тврди спротивното.
Претседателката на државата, не може и не мора да чита се’ што се објавува, но на членовите на нејзиниот кабинет, покрај другото, тоа им е работа и морале да ја информираат претседателката за да не предизвикува потсмев кај луѓето.
Извор: Фејсбук



