Published: Friday, October 2, 2015 09:39
Пресудата за поранешниот премиер на Хрватска, Иво Санадер, за случајот „Фими медија“, е укината и тој ќе излезе од затвор доколку плати кауција од 12,4 милиони куни или нешто повеќе од 1,5 милиони евра, пренесуваат хрватските медиуми.
Врховниот суд ја донел оваа одлука по тридневно разгледување на жалбата на обвинетиот и на Ускок, во коруптивниот случај за Фими медија, во кој Санадер неправосилно беше осуден на девет години затвор, како и да ги врати незаконски стекнатите 15,27 милиони куни.
Санадер, во моментот се наоѓа во притвор исклучиво на основа на пресудата за Фими Медија, и тоа поради законската одредба дека притвор автоматски им се одредува на обинетите кои се осудени на пет или повеќе години затвор.




