Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер денеска е осуден на две ипол години казна затвор за воено профитерство, односно за примање мито од австриската Хипо банка во текот на деведесеттите години.
-Од 1994 до 1995 година за време на татковинската војна во време на висока инфлација, владата тешко наоѓала банки кај кои би се задолжила. Како преговарач со Хипо банка за купување на зграда за амбасада, наместо да делува во интерес на Хрватска, а со намера прибавување имотна корист за себе, договорил Хипо банка да му исплати како противуслуга, пет отсто од договорениот заем од седум милиони шилизни, рече судијката Јасна Галешиќ при изрекување на пресудата.
На 4. Јануари 1995 година Хипо банка на Санадаер му исплатила 7 милиони шилинзи со што прибавил противправна имотна корист од 3,6 милиони долари се наведува во пресудата.
Освен затворската казна, Санадер треба тие пари да ги врати во буџетот.




