Тед Круз, еден од кандидатите за претседателска номинација од Републиканската партија во САД објави дека се повлекува од кампањата за кандидат на претседателските избори, откако на внатрепартиските избори во Индијана доживеа пораз од Доналд Трамп.
По ова, речиси е сигурно е дека Трамп ќе биде републиканскиот кандидат на претседателските избори во САД, бидејќи Круз му беше најсериозен противкандидат.
Во Индијана вербалните меѓусебни напади на Трамп и на Круз кулминираа – Круз обвинуваше дека Трамп е „потполно неморален“, „патолошки лажго“, „сериски женкар“, а Трамп одговори оти Круз е „очаен кандидат кој се обидува да ја спаси својата неуспешна кампања“.
Трамп, пак, откако Круз објави дека се повлекува, рече дека сенаторот од Тексас бил „паметен и жилав натпреварувач“.
Кај демократите, Берни Сандерс во Индијана ја порази Хилари Клинтон, по што порача дека „борбата уште не е готова“, иако Клинтон има значајно повеќе делегати.




