Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Санкциите на САД кон Иран за новите договори стапуваат на сила веднаш

0
By Нова ТВ on May 9, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 9, 2018 08:58

Одлуката за воведување санкции на САД кон Иран во врска со нуклеарната програма на Техеран, стапува во сила веднаш за новите договори, додека компаниите кои веќе работат со Иран ќе имаат неколку месеци да ги прекинат трговските односи со земјата, изјави советникот на американскиот претседател Доналд Трамп за национална безбедност, Џон Болтон.

Министерството за финансии на САД соопшти дека санкциите за веќе склучените договори со Иран ќе стапат во сила по преодниот период од 90 до 180 дена.

– Сосема е можно да следуваат и уште санкции ако добиеме нови информации. Сакаме да извршиме што е можно поголем економски притисок врз Иран и да го лишиме од пристап до приходите со кои ќе располагаше ако САД не се повлечеа од нуклеарниот договор. Не се разгледуваат никакви нови договори, рече Болтон.

За веќе склученитe договори, вклучувајќи ги и странските, кои се често европски компании кои инвестирале во Иран, преодниот период од три до шест месеци „е начин да им се даде можност да го напуштат“ Иран, додаде Болтон.

Новиот американски амбасадор во Германија, Ричард Гренел, кој вчера ја презеде функцијата, ги повика германските компании да ги прекинат своите активности во Иран.

Претседателот Доналд Трамп „рече дека санкциите ќе бидат насочени кон критично важни сектори од економијата на Иран. Германските фирми кои работат во Иран би требало веднаш да ги прекинат своите активности”, напиша Гренел на Твитер.

Германија е еден од главните економски партнери на Иран. Според податоци на Министерството за економија од 2016 година, германскиот извоз достигнал околу 2,6 милијарди долари, што претставува пораст од 26 отсто за една година.

Министерот за финансии на САД, Стивен Мнучин, објави дека одлуката на Трамп да ги повлече САД од иранскиот нуклеарен договор ги укинува дозволите на американската компанија „Боинг“ и нејзиниот европски ривал „Ербас“ за продажба на патнички авиони на Иран.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера вечер соопшти дека САД се повлекуваат од Договорот за иранската нуклеарна програма и најави возобновување на санкциите кон Иран, кои беа укинати согласно документот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

ВЕСТИ May 1, 2026

Протестот ќе почне во 11 часот пред Работничкиот дом на ССМ, а потоа ќе продолжи…

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.