Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изрече 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохол, три санкционирани возачи на мотоцикли, четири мерки за возачи почетници, три санкционирани возила за минување на затворен сигнал-црвено светло.

Од МВР информираат дека ќе продолжат со засилените акциски сообраќајни контроли и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.