Урната со кремираните остатоци од починатиот лидер на кубанската револуција Фидел кастро нешто после полноќ е донесена во Санта Клара и внесена е во комплексот со мавзолеј и музејот посветен на Ернесто Че Гевара, како симболична средба на двајцата некогашни соборци.

По дводневното оддавање почест на Кастро во Хавана, ова е првата станица на неговото последно патување нив Куба, пред погребот што ќе се одржи на 4 декември во Сантијаго де Куба.

placki

Пред огроммната статуа на Че е изведен тажниот танц на гитара кога урната прекриена со кубанското знаме беше поставена пред неа.

Конвојот со урната на Кастро во текот на денот ќе го продолжи патувањето и низ другите градови, додека во Куба во тек е деветдневна жалост откако минатиот петок кубанскиот лидер почина во 90 година од животот.

mavzolej

Стотици илјади Кубанци со знамиња во рацете вчера на улиците на Хавана му оддадоа последна почит на лидерот, извикувајќи „Јас сум Фидел“, додека покрај нив минуваше воениот камион со урната, по победничката траса по која герилата на Кастро се движела во 1959 година славејќи го поразот над диктаторот Батиста, кој ја уживаше поддршката на САД.

Кастро и Че Гевара се запознале во 1955 година додека бил во егзил во Мексико, а младиот лекар му се придружил на Фидел и на неговиот брат Раул на бродот што ги одвел на Куба една година подоцна.

castro1

Че Гевара извојува победа во клучната битка во Санта Клара во 1958 година и бил на високи функции во владата, но во 1966 година поведе герилска експедиција во Боливија, каде е уапсен и погубен во 1967 година, додека неговите останки се пренесени во Санта Клара три децении подоцна.