Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Санте Плус со скандалозни фотографии на ФБ од породување со царски рез

2
By Менче Атанасова Точи on May 22, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 22, 2018 15:06

Фотографии од породување  со царски рез  во операциона сала на која се гледаат и мајката и бебето осамнаа на Фејсбук страната на болницата „Санте Плус“. Над еден колаж од фотографии пишува „Работно попладне“, а покрај оперативниот зафат се гледаат и мајката и бебето, како и докторката како го прегледува бебето со стетоскоп. Неговото лице на фотографиите на Фејсбук не е покриено, како и лицето на мајката, но тоа го сторивме ние согласно законската регулатива за заштита на идентитет. На една од фотографиите има и селфи на медицинскиот тим во операционата сала.

Утринава  инспектори од  Државниот санитарен и здравствен инспекторат направиле вонреден инспекциски во болницата Санте Плус, за фотографиите и но и за проверка на другата документација, потврдија за НОВА од ДСЗИ.

 

Ова предизвика бура од коментари од граѓани под фотографиите објавени на Фејбук страната на Санте Плус.

Од ДСЗИ велат дека болницата се правдале дека фотографиите се објавени со дозвола на таткото кој присуствувал на подорувањето.

„ Во болницата рекоа дека фотографиите ги објавиле со дозвола на таткото, но таква дозвола не покажаа. Објавување на вакви фотографии не е етички,  особено што се гледа бебето, како и чинот на операцијата која не е за гледање. Доколку и фотографирал таткото, од болницата треба да знаат дека со камера или телефон не се влегува во операциона сала бидејќи може да биде извор на зараза при што може да го загрози здравјето и животот на новороденчето и на мајката. Вакви фотографии не треба да кружат по социјалните мрежи и затоа целиот предмет ќе го пратиме во Етичката комисија во Лекарската комора, за тие да одлучат што понатаму“, изјави за НОВА, Ирина Бухова директорка на ДСЗИ.

НОВА се обрати до управителката на Санте Плус, Весна Камиловска која рече дека не сака да даде никаква изјава.

Од ДСЗИ велат дека предметот со фотографиите се комплетира и во текот на утрешниот ден ќе биде пратен во Лекарската комора.

Неофицијално, педијатарката која го држи новороденчето во раце и го прегледува немала дозвола за работа во болницата, туку била вработена во поликлиниката во стоматолошкиот оддел, за што дополнително  ќе биде поднесена пријава.

Инаку, пред неколку години докторка од Ургентен центар од Клиничкиот центар доби отказ од работа за слична фотографија објавена на Фејсбук. На фотографијата дежурниот тим се сликал со пациентка во бесознание која била донесена во текот на новогодишната ноќ.

Во јануари годинава ДСЗИ ја затвори на болницата Санте Плус поради смртта на родилката Дебора Абази од Кичево, а Министертвото за здравство еден месец подоцна им ја одзема дозволата за работа. Вишиот Управен суд им ја врати дозволата, по што тие почнаа со работа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.