Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сараевскиот фестивал ќе се отвори со филмот на Данис Тановиќ

0
By on May 7, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 7, 2013 11:08


Со филмот „Епизода од животот на собирачот на железо“ на Данис Тановиќ, кој зборува за дискриминацијата на малцинствата во Босна и Херцеговина, особено на ромскота заедница, на 16 август ќе биде отворено 19. издание на Сараевскиот филмски фестивал.

Новиот филм на оскаровецот Данис Тановиќ, кој на 63. Берлинале, имаше светска премиера и освои „Сребрена мечка“ за филм и награда за актерот Назиф Мујиќ.

Директорот на Сараевскиот филмски фестивал, Мирсад Пуриватра, рече дека е задоволен што продолжува традицијата, фестивалот да се отвори со домашен филм, особено заради фактот шт се работи токму за босанскиот Оскаровец , кој годинава, освои престижна награда и во Берлин.

„Мислам дека е нужно да се види оваа приказна, не само за да се иницира дискусија за нашето општество и сите видови на отуѓеност и дискриминација кои се присутни во него, туку низ една емоционалната перцепција на жртвата да дојдеме до моментот во кој самите ќе си го поставиме прашањето: Какви луѓе сме станале“, рече Тановиќ, по повод одлуката СФФ да се отвори со неговото остварување.

Филмот „Епизода од животот на собирачот на железо е копродукција на Босна и Херцеговина, Франција и Словенија, се базира на вистинска приказна и е за отуѓувањето и дискриминацијата во современото општество, во БиХ, раскажана преку несреќата на еден ромски пар.

Актерите во филмот на Тановиќ – Сенад Алимановиќ, Назиф Мујиќ, Санда Мујиќ и Шемса Мујиќ, се автентични учесници во еден од најголемите скандали во здравството во БиХ.

Во филмот е прикажан Назиф кој го издржува семејството со собирање старо железо, но едвај состава крај со крај. Секој ден тој оди да собира старо железо, додека неговата сопруга Сенада се грижи за домот и двете деца. Трето дете е на пат. По долг ден на работа, Назиф се враќа дома и ја наоѓа Сенада на креветот во болки. Следниот ден, тој позајмува автомобил и ја носи сопругата во најблискиот здравствен центар. Дијагнозата е абортус – пет месеци таа носела мртов фетус.

Ситуацијата е критична и е потребни итна операција. Сенада нема здравствено осигурување и болницата бара од неа да плати 980 конвертибилни марки (околу 500 евра), што е цело богатство за скромниот собирач на старо железо.

И покрај молбите на Назиф, во болницата одбиваат да ја оперираат Сенада и тие се враќаат дома. Следните десет дена, Назиф ќе стори сé што е во негова моќ за да го спаси животот на Сенада – очајно собира што повеќе старо железо, бара помош од невладините и владините институции … Во тие десет дена Назиф и Сенада ќе ја доживеат целата суровост на модерното општество.

Ова е петти игран филм Тановиќ, кој во 2001 година дебитираше со „Ничија земја. Филмот кој се занимава со војната во Босна 1993. освои Оскар и Златен глобус за најдобар странски филм, како и награда за најдобро сценарио на Канскиот филмски фестивал и на Европската филмска академија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.