Поранешниот француски претседател Николас Саркози беше пуштен од притвор откако заврши распитот за обвинението дека ја финансирал кампањата со пари од поранешниот лидер на Либија Муамер Гадафи.
Истрагата за ова финансирање се води веќе пет години и сега за прв пат полицијата го приведе Саркози на распит. Истрагата ја води Централното биро на борба против корупцијата и финансиски и даночни престапи (OCLCIFF) во близината на Париз.
Судиите се интересираат за финансиски трансакции во кои се вмешани повеќе лица блиски до Гадафи. Поранешни високи функционери од Триполи и франко-либискиот посредник Зиад Такиедин.
Скандалот изби во 2012 година откако влијателниот сајт Медијапарт објави документ на Муса Куса, поранешен шеф на надворешното разузнавање на Либија. Читањето на документот наведува на помислата дека Либија ја финансирала кампањата на Саркози.
Во ова досие беше обвинет Клод Геан кој беше генерален секретар на Елизејската палата зо време на владеењето на Саркози. Судиите истражуваат за трансакцијата од 500.000 евра испратени на сметката на Геан во март 2008 година од адвокатска фирма во Малезија. Тој тврди дека станува збор за пари од продажба на две уметнички слики.




