Екс претседателот на Франција Никола Саркози попладнево беше обвинет за нелегално финансирање на претседателската изборна кампања во 2012 година преку аферата наречена Бигмалион, објави јавниот обвинител на Републиката Франсоа Моленс.
Поранешниот шеф на државата беше денес цел ден на распит кај истражниот судија под сомнение дека трошењето за време на изборната кампања се фалсификувани за да се сокрие огромното надминување на законскиот плафон на трошоци од 22,5 милиони евра.
Судиите се интересираат за буџетот на партијата на Саркози од 2012 година. Сумата од 13,5 милиони евра биле потрошени а биле пријавени само 3 милиони евра преку сметките за кампањата. Истрагата утврдила трошоци за возови, брошури, сали за митинзи и анкети но и “заборавени” фактури кои се појавуваа во сметководството на партијата УМП но не и во сметководството на кампањата.
Француското судство уште од јули 2014 година работи на уште еден случај на корупција кој се однесува исто така на Саркози и на аферата на прислушувањето.




